Голем дел од свадбените веселби се организираат во домашни услови – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 3:30 PM

Голем дел од свадбените веселби се организираат во домашни услови

Голем дел од свадбените веселби се организираат во домашни услови, велат од пазарниот инспекторат подрачно оделение Тетово. Голем дел од угостителите кои ги прекршуваат здравствените протоколи добиваат опомени.


Досега откако се донесени здравствените протоколи, казнет е само еден ресторан каде против протоколите се организирала свадба. Голем дел од тие кои ги прекршуваат протоколите добиваат опомени. Но, во последно време ваквите веселби се организираат во домашни веселби

Дел од граѓаните поделени. Некои сметаат дека е ризик некои пак сметаат дека треба да се оди на свадбени церемони, но да се почитуваат препораките.

 Досега во тетовско е затворен само еден угостителски објект, кој организирал свадби во време на пандемија.

Зоран Димовски