Постои можност да е вмешан странски фактор во експлозијата во Бејрут, вели претседателот на Либан – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 2:45 PM

Постои можност да е вмешан странски фактор во експлозијата во Бејрут, вели претседателот на Либан

Либанскиот претседател Мишел Аун денеска изјавил дека за истрагата на најголемата експлозија во историјата во Бејрут ќе биде покрената истрага за можноста на странски фактор кој би можел да биде вмешан, додека жителите на Бејрут се обидуваат да ги доведат во ред своите животи по детонацијата.

Потрагата по исчезнати е зголемена, а спасувачите ги пребаруваат рушевините во трка да пронајдат уште некој жив по експлозијата во која пред три дена загинаа 154 луѓе. Сеизмичкиот удар се почувствувал во целиот регион.

„Причината се уште не е утврдена, Постои можност на вмешаност од страна преку ракета, бомба или на некој друг начин“, изјавил Аун, а пренесуваат локалните медиуми.

Тој изјавил дека ќе биде истражено дали експлозијата се случила поради невнимателност или станува збор за несреќен случај. Аун претходно изјави дека големиот експлозивен материја бил складиран на пристаништето на небезбеден начин.

САД претходно објавила дека не ја отфрлаат можноста дека станува збор за напад, а Израел кој во минатото неколку пати војуваше со Либан демантираше дека е вмешан на било каков начин.

Многу жители на Бејрут велат дека не се во можност да ги обвноват своите домови, а некои го поставуваат прашањето дали државната управа се уште постои и напоменуваат дека во Бејрут повеќе не постои начин да се работи и заработува.

Преземено од: https://vijesti.ba/