Џорџ и Амал Клуни донираа сто илјади долари на либанските хуманитарни здруженија, по експлозијата во Бејрут, во која животот го загубија 154 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени. Амал Клуни е инаку родена во Бејрут.
„ Длабоко сме загрижени за жителите на Бејрут и разорот со кој се соочуваат. Донираме пари за три хуманитарни организации кои даваат итна помош на терен, односно на либанскиот Црвен крст, Импакт Либан и „Бајтна Бајтак“ , соопшти славниот пар.
Оскаровецот Клуни (59) и адвокатката специјализирана за човекови права Амал (42), додаваат дека ќе донираат 100.000 долари на организацискиот тим и се надеваат дека и други ќе помогнат на сите можни начини“.
Амал живела во Бејрут до нејзината втора година, кога нејзиното семејство се отселило поради граѓанската војна. Пораснала во Англија и студирала на Оксворд.
Помош за настраданите во експлозијата најавија и други славни личности, како Салма Хајет, Наоми Кембел, Аријана Гранде, Кејт Хадсон и Хајди Клум.
извор :rs.n1info.com


