Уште една „ Приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 2:54 PM

Уште една „ Приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Македонскиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев ја промовираше неговата најнова песна и видео спотот за истата. „ Приказна“ , Васил ја издава по песната „ YOU “, која всушност и беше евровизиската тема со која требаше да ја претставува земјава на овогодинешното издание на Евровизија во Ротердам.

„Драги пријатели, Што ни се случува?! Мојата следна песна е прашање до сите нас. Еден поглед, еден здив и еден момент кој може да промени сѐ! Што би избрал/а ти?

-Ја би: љубов да се случува “, напиша Васил пред промовирањето на песната.

Автор на музиката е самиот Васил, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот соработник и композитор Давор Јордановски.

За видеозаписот  преку кој се препознава автентичниот стил на Васил, пренесувајќи симболични пораки преку неговите движења се погрижија од продукцијата „Дигитал бокс“.

Погледнете ја музичката „Приказна“ визуелизирана во Охрид:

 

 

 

Кристина Алексиеска

фото : Facebook