Брачното неверство ги спои светските диви Бијонсе и Адел – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 2:26 PM

Брачното неверство ги спои светските диви Бијонсе и Адел

Музичката индустрија може да биде многу сурова, но тоа не е случај кај две музички диви. Покрај тоа што двете се обожавателки на својата музика, Бијонсе и Адел се исто така најдобри пријателки.

Адел долго време беше голема обожавателка на Queen B,  а во последните години токму таа е личноста која британската дива и се обраќа за совет.

https://www.instagram.com/p/CDWzJe8A5Xz/

Еден таков совет беше и оној поврзан со неверојатната трансформација на Адел која го шокираше светот. Адел физичката трансформација ја започна откако се разведе со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, кога се одлучи за напорен режим на слабеење и тренинг. Американскиот магазин „Heat“ раскажува како всушност Бијонсе ја инспирирала Адел, а Бијонсе била таа што и помагала со совети за да изгуби повеќе од 43 килограми.

„Бијонсе е ултимативна икона на Адел. И помогна на Адел со сопствени советии за фитнес, како и давање различни ставови за сето тоа, исто така поддржувајќи ја да ужива во својата работа“, изјавил близок извор за американските медиуми.

Документарниот филм на Бијонсе „Homecoming“, исто така, се чини дека ја инспирираше британската пејачка, како и визуелниот албум „Black is King“, кој излезе минатата недела, а кој Адел го сподели на Инстаграм, клекнувајќи под една од сцените каде е и Бијонсе.

Обожавателите блиското пријателство на дивите прв пат го забележале во 2015 година, кога излезе албумот на Бијонсе „Lemonade“ кога пејачката на светот му раскажа како нејзиниот сопруг Џеј Зи дека ја изневерувал. И додека светот се соочуваше со тоа, се чини дека пејачката со тоа се борела во четири ѕидови. Бијонсе и се обратила на Адел за совет и поддршка со цел да го надмине „невремето“, а таа наводно и дала еден совет да ја одржи својата врска среќна и здрава: нема повеќе социјални мрежи! – Пријателството на Адел и Бијонсе почнало да се зацврствива од тие моменти. Кога во 2017 година Адел освои Греми за својот албум насловен како „25“ – својот говор го посвети на американската пејачка.

Исто така, се шпекулира дека Бијонсе стигнала до таму што го одложила објавувањето на шестиот студиски албум „Lemonade“ за да и овозможи на Адел да го добие својот момент на музичките топ листи.