Ужасна вест ни доаѓа од Белград. На дваесет и седумгодишна возраст почина нигерискиот центар на КК Црвена Ѕвезда, Мајкл Оџо.
Според српските медиуми, инфаркт е причината за неговата смрт. Оџо денес индивудално тренирал во една од теретаните на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан, наеднаш му се слошило, а лекарите не успеале да му помогнат.
Оџо во Србија пристигнува во 2017 година во редовите на ФМП, а добрите игри го носат во Црвена Ѕвезда година подоцна. Официјално соопштение од клубот се очекува во текот на денот.


