Најголемиот руски сериски убиец призна убиство на уште две жени или вкупно на 83 – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 10:34 AM

Најголемиот руски сериски убиец призна убиство на уште две жени или вкупно на 83

Најлошиот руски сериски убиец призна уште две убиства откако веќе е осуден за убиство на 81 жена. Поранешниот полицаец Михаил Попков (56) го доби прекарот Врколак во времето кога полицијата трагаше по него. Многу од своите жртви тој и ги силувал, а детективите веруваат дека можеби убил и 200 жени.

Попков, татко на едно дете, сега ја издржува казната доживотен затвор, а во моментот, поради пандемијата, таму изработува заштитни маски за лице. Деновиве на инспекторите и обвинителите, при нов распит, им рекол дека би сакал Русија и понатаму да има смртна казна, со што на некој начин, прват изразил жалење поради своите страотни злосторства. Последното признание му е за две жени што ги убил пред нешто повеќе од две децении.

Но, кога инспекторите го прашале колки жени вкупно убил, не отркрил.

„Не ги броев своите жрви“, рекол.

Попков рутински го користел својот полициски автомобил. На жени што ноќе сами се враќале дома им нудел превоз.

Се претпоставува дека вака одложено и фазно ги признава делата за, со одењето на увид на местата каде што ги скрил или закопал телата, малку да одмори од затворската работа. А, колку и да признае, повисока казна од доживотен затвор нема.

Русија ја укина смртната казна во 1996 година.