Дани и Камерен оркестар Битола- „ Хераклеја“ пулсираше во звукот на новата Рок Симфонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 8:43 AM

Дани и Камерен оркестар Битола- „ Хераклеја“ пулсираше во звукот на новата Рок Симфонија

Во античкиот театар во Битола концерт одржа новата Рок Симфонија на битолскиот Камерен оркестар, а вокалите ги исполнија  македонската поп-рок дама, Дани Димитровска, Михајло Трајковски-Сак и Жарко Јакимоски , под диригентска палка на Владимир Димовски.

https://www.facebook.com/danidimitrovska/videos/622943898356698/

Првично, концертот беше закажан за ракометното игралиште но, истиот беше презакажан за античкиот локалитет „ Хераклеја“, за време на кој беа запазени сите протоколи со задолжително носење маска, физичко растојание помеѓу местата за седење, мерење на температура и дезинфекција на рацете на влезот пред почеток на настанот.

 

нова Рок Симфонија на Камерен оркестар Битола

 

 

 

Кристина Алексиеска

Фото: Facebook