Во античкиот театар во Битола концерт одржа новата Рок Симфонија на битолскиот Камерен оркестар, а вокалите ги исполнија македонската поп-рок дама, Дани Димитровска, Михајло Трајковски-Сак и Жарко Јакимоски , под диригентска палка на Владимир Димовски.
https://www.facebook.com/danidimitrovska/videos/622943898356698/
Првично, концертот беше закажан за ракометното игралиште но, истиот беше презакажан за античкиот локалитет „ Хераклеја“, за време на кој беа запазени сите протоколи со задолжително носење маска, физичко растојание помеѓу местата за седење, мерење на температура и дезинфекција на рацете на влезот пред почеток на настанот.


Кристина Алексиеска
Фото: Facebook


