Психотерапијата како лек за оставените – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 10:00 PM

Психотерапијата како лек за оставените

Лечењето со психотерапија досега им помогна на многу мои клиенти – вели професорката и личен психотерапевт, Ивана Грабар. Според неа, психотерапијата помага да се преживеат тешките времиња, како што е разводот, или пак моментите во кои луѓето се плашат за својот живот и за животот на оние што ги сакаат.

„Сѐ уште се сеќавам како неодамна една жена што беше оставена, плачеше неутешно, прашувајќи се како е можно нејзиниот маж да ја отфрли по сите години поминати во заедничк живеење. Долго се гледавме. Ја следев од ден на ден. Солзи, солзи, солзи, па ред бес и лутина. Па повторно ред солзи. Па горчина, отпор, страв и чувство на безнадежност. Се чинеше дека никогаш нема да завршат негативните емоции што ја имаа преплавено. А потоа, после година дена таа смета дека ако нема труд од другата страна, ништо не може да се направи со сила“, вели Грабар.

Ја гледам со восхит и си мислам: драга жено, браво! Го изговарам тоа гласно. Таа ме прегрнува и вели дека многу и’ имам помогнато. Плачеме и двете, среќна сум што бев дел од тој пат и успеав да видам зрак светлина и радост во нејзините очи, по долго време – додава професорката.

 

Извор: prakticanzivot.com