Некој ми го подметна корона ворусот и нека ме убијат нема да бегам, шокираше претседателот на Белорусија, Лукашенко – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 7:45 PM

Некој ми го подметна корона ворусот и нека ме убијат нема да бегам, шокираше претседателот на Белорусија, Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не случајно серазболел од вирусот  корона, туку,  како што тврди, болеста му е „подметната“.

„Ми го подметнаа корона вирусот.  Сега го истражуваме тоа“, рече Лукашенко, пренесува Спутник.

“Никогаш не го негиравме постоењето на вирусот корона, но медиумите така го толкуваа. Како може некој да негира нешто што навистина постои? Тоа е првото нешто, а второто – се должи на фактот дека бевме многу внимателни во врска со тоа, вирусот се развиваше побавно отколку кај останатите. Јас дури и ги знам имињата на двајцата кои го донесоа. Морав да го направам сето тоа. Јас контролирав сè. Би  можеле и да ме убијат, но нема никаде да бегам”, рече Лукашенко.

Тој истакна дека болеста ја прележал „на нозе“ и дека имал полесна клиничка слика.

Според најновите информации, во Белорусија се регистрирани 68.503 случаи на корона вирус, од кои 580 лица починале.

Извор: kurir.rs