Поранешниот репрезентативен центар на Србија и кошаркар кој во два мандати ги бранеше боите на црно-белите од Белград, Милан Мачван, се враќа во својот матичен клуб. Но овојпат, не како кошаркар, бидејќи Мачван летово се пензионираше од професионалната кошарка, туку на сосема друга функција.
Тој ќе го советува претседателот на клубот Мијаиловиќ во врска со спортски прашања и ќе стави посебен фокус на работата со младите селекции во Партизан.
-Многу ми е драго што повторно сум во Партизан, сега на нова функција. Би сакал да се заблагодарам на клубот на укажаната шанса и практично веднаш по завршувањето на играчката кариера да започнам со работа. Тоа во денешно време е реткост, но верувам дека со своето искуство од играчките денови ќе се надоградам извршувајќи ја оваа функција и дека мојата посветеност и залагање ќе донесе нешто добро на Партизан, изјави Мачван.
Мачван освои сребро на Олимпијадата со репрезентацијата на Србија.


