Половина од Тетово нема вода за пиење, по двата големи дефекти на старата и дотраена градска водоводна мрежа. Едниот дефект е остранет, се очекува до крајот на денешниот ден да се санира и вториот голем дефект лоциран кај Шарената Џамија.
Во време на пандемија над 60 % од жителите на Тетово се без вода за пиење. Вода има доволно, но двата големи дефекти го прекинаа нормалното водоснабдуавње. Едниот се острани синоќа, но денеска се појави нов уште поголем кај Шарената Џамија.
Од Секторот водовод и канализација при ЈКП Тетово, велат дека градската водоводна мрежа е стара речиси еден век и очекувани се ваквите дефекти. Нивните екипи работаат на терен постојано. Решението на проблемот го глеадаат во целосна реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа.
Засега од Општина Тетово нема никакви најави за инвестиции во реконструкција на градска водоводна мрежа која често пати како вчера и денес ги остави без капка вода за пиење.


