Заштитната маска предизвикува акни, еве совет што треба да направите – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 12:36 PM

Заштитната маска предизвикува акни, еве совет што треба да направите

Во новата реалност со маските на лицето, добивме нова маска од акни и мозолки кои настануваат со присуство на маските во комбинација со влажниот и топлиот воздух.

Промените слични на акните како и сувата кожа и црвенилото се појавува во секојдневната пракса од кога носиме заштитна маска. Оваа појава била присутна и порано, но сега е поизразена бидејќи маските постојано ги носиме како заштита од корона вирусот, изјавила за ТВ Прва, Др Јелена Божиќ, дерматолог.

„Тие од поодамна се познати како механички акни. Настануваат пред се поради механички дејства од самата ткаенина на кожата, притисокот и повторното триење. Маските создаваат средина на затворен простор со зголемена топлина и влажност. Тоа е рај за бактерии, габи и паразити. Поради тоа се јавуваат промени“, нагласува Др Божиќ.

Како што препорачуваат, кожата треба се чисти но не треба да се претерува бидејќи може да биде контрапродуктивно со претерано чистење го отстрануваме заштитниот хидролипиден слој кој ја штити нашата кожа. Треба да користиме нежни гелови за чувствителна кожа кои во себе содржат керамид, односно супстанци кои ја чистат кожата, а не ја нарушуваат нејзината бариера. А потоа, вели таа се нанесува крема.

„Треба да се знае дека кремите кои порано ни одговараа пред носење на маските, сега може да предизвикаат инфекција односно промени слични на акни. Исто така поради маските се влошува состојбата на веќе постоечките акни, розацеа, себореичен и периорален дерматитис. Затоа е многу важно маската да се менува на секои два часа. Мажите со брада треба да водат сметка дека секое влакно на брадата треба да биде сува пред ставање маска, а жените кои користат тешка шминка да нанесуваат BB или CC крема. Ако и тоа не може да помогне обратете се на дерматолог“, порачува Др Божиќ.
Преземено од: https://www.b92.net/