Дваесет и две годишната невеста од Либан, Исраа Себлани правела свадба на денот на страшната експлозија која се случи во Бејрут и поради која животот го изгубиле 135 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени.
Драматичната снимка од нејзината венчавка во моментот на експлозијата се прошири на интернет, а ден пред експлозијата се фотографирала на истото место како и на самиот ден на венчавката, раскажала за Ројтерс, каде правела подготовки за венчавката две недели.
„Тоа што се случи во текот на експлозијата – немам зборови да го опишам. Бев шокирана. Прашав што се случув, ќе умреме ли? – Како ќе умрам“, раскажала Себлани која работи како докторка во САД.
Таа исто така помагала на повредените во близина, пред да го напушти средниот берутски плоштад Саифи каде што се фотографирала.
Себлани во Бејрут стигнала три недели порано за да се подготви за својата венчавка со својот избраник Ахмад Субеих, бизнисмен од Бејрут.
Субеих се присетил на последиците од експлозијата, за која официјалните лица обвинија за огромната залиха високо експлозивен материјал со години чувани во несигурни услови кај пристаништето.
„Почнавме само да одиме наоколу и беше многу тажно. Тоа уривање и звук на експлозијата не е можно да се опише“, и додадал дека се уште се во шок.
„Многу сум тажна поради тоа што се случи со другите луѓе, поради она што се случи со Либан“, истакнала Себлани.
По експлозијата, таа и нејзиниот сопруг се обиделе да продолжат со прославата.
„Сопругот рече да продолжиме со прославата. Му реков зошто да не“, изјавила истакнувајќи како се обидувала да биде среќна на венчавката која долго ја подготвувала.
Нејзиниот сопруг сега чека виза за САД и тој да може да и се придружи.
Себлани нагласила дека го сака Либан, но дека чувстува дека по експлозијата која се случила во вторникот, да живее таму не е опција.
Преземено од: http://ba.n1info.com/