Од гром во Хрватска настрадаа 20 овци, соселани на сиромашниот сточар му донираа 15 грла  – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 8:36 AM

Од гром во Хрватска настрадаа 20 овци, соселани на сиромашниот сточар му донираа 15 грла 

Од гром во Хрватска настрадаа 20 овци, соселани на сиромашниот сточар му донираа 15 грла

Поројни дождови, поплави, силен ветар и грмотевици деновиве има речиси насекаде на Балканот. Од невремето со грмежи во Бјеловарско-билогорската жупанија во Хрватска, на еден сточар му настрада стадо од 20 овци.

Громот удрил во дабово стебло под кое биле овците и сите ги усмртил,  дрвото се препловило на половина, пренесува „Јутарњи лист“.

На сточарот, кому овците му биле единствена егзистеција, соселани веднаш по несреќата му донирале десет овци и пет јагниња.