Време: Денес и во следните денови – обилен дожд, грмотевици, некаде и град – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 5:48 AM

Време: Денес и во следните денови – обилен дожд, грмотевици, некаде и град

Претежно облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни и некаде во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура до 29 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

И во следните денови продолжува периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.