СЗО: Младите да ги ограничат журките, расте бројот на заразени на нивна возраст – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 10:10 PM

СЗО: Младите да ги ограничат журките, расте бројот на заразени на нивна возраст

Младите луѓе мора да го ограничат дружењето за да помогнат во борбата против новите зарази на Ковид-19, соопштија официјалните претставници на Светската здравствена организација (СЗО).

Уморни од ограниченото движење и желни да уживаат во летото, младите во некои земји во северната хемисфера придонесоа за повторен пораз на бројот на заболени, собирајки се на забави, скари и летување. Во Женева, седиштето на здравствената агенција на ООН, ноќните клубови се затворени минатата недела, откако беше откриено дека се изворот на зараза на околу половина од случаите.

„Младите исто така треба да преземат одговорност и да се запрашуваат дали навистина треба да одат на забава“, рече шефот на службата за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан, татко на три деца.

Податоците на СЗО покажуваат дека младите луѓе имаат помала веројатност да развијат тешка респираторна болест за разлика од нивните родители или баби и дедовци, но процентот на заразени на возраст меѓу 15 и 24 години се зголеми за трипати за пет месеци. Рајан исто така рече дека младите не сакаат да даваат информации за пријателите со кои се дружеле:

„Тоа е непријатно, но потребно е да се запре вирусот“, рече тој.

– Швајцарските весници објавија дека во ноќен клуб во Цирих, каде неодамна биле регистрирани пациенти, некои посетители дале лажни имиња на учесниците на забавите, како на пример “Donald Duck” – објави радиосарајево.ба.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкхова, рече дека младите треба да бидат внимателни бидејќи дури и лесна форма на болеста може да има долгорочни последици.