Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро го осудува нападот врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“ – Тетово, граѓанскиот активист Беким Асани.
Од партијата велат дека насилството е недозволиво и апелираат до институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите.
-Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец. Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина, стои во соопштението.
Концептот „Едно општество за сите“, според нив значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.