Заев: За праведниот данок ќе има дебата, а народот не треба да се плаши од ниедна реформа која произлегува од дебата – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/18 1:47 PM

Заев: За праведниот данок ќе има дебата, а народот не треба да се плаши од ниедна реформа која произлегува од дебата

Нема да брзаме туку ќе отвориме дебата во која сите засегнати страни ќе бидат вклучени а целта е да постигнеме позитивни и квалитетни ефекти,изјави премиерот Заев на новинарско прашање за тоа до каде е дојдено со подготовката на даночните реформи. Премиерот истакна дека ниедна реформа не треба да го плаши народот која што ќе произлезе од претходна дебата.

– Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите анализи сите податоци и детали за дебатата да биде квалитeтна со внимaтeлно слушање на граѓаните така и ќе постапиме имаме и фора знаете дека евентуалното донесување на ваквите закони пред 1 јануари 2019 нема да влезе во имплементација заедно владата со парламентот ќе оцениме кога е вистинското време да ја отвориме дебатата ние не сакаме да се отвори во време кога се очите вперени на граѓаните кон други важни работи за РМ веројатно во соодветно време кое што ќе продуцира квалитетна дебата тогаш и ќе ја отвориме,рече Заев.

Премерот Заев ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти  а над 1000 евра да се плаќа поголем данок.

– Не,дебатата ќе го одлучи тоа буквално ќе ги измериме сите податоци и така ќе ја донесеме одлуката но праведно оданочување е нешто кое е фер во секоја земја ние сме левичари и редот е сите граѓани кои имаат поголеми приходи од 1500,2000,3000 и 5000 евра да платат повеќе,дај боже да имаме сите повеќе,сите да платиме повеќе данок на државата,тие пари одат за социјална помош,за здравство,за образование веднаш ќе кажат каде ќе бидат насочени но ќе дојде дебатата на таа тема и верувам многу демократски ќе ја истуркаме како РМ пред се предводени од граѓаните и на крајот ќе ги донесеме одлуките.

Според него тоа  е потребно за да можат да се спроведат и другите социјални аспекти,дебатата ќе се спроведе демократски предводена од граѓаните за на крај да се донесе и конечната одлука.

Билјана Тошевски