Силниот ветер откорна кров на зграда во Делчево (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 3:21 PM

Силниот ветер откорна кров на зграда во Делчево (видео)

Невреме со силен ветар денеска околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви, меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот. Во моментот на паѓањето на покривот немаше случајни минувачи и автомобили, освен еден граѓанин кој во тој момент поминувал од спротивната страна спрема зградата каде падна лимениот покрив.

Освен паднатите лимови од кровните конструкции од силниот ветар настрадаа и повеќе кабли поставени на пониските бандери, како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.