-Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број на лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена.Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност, истакна Снежана Новаковска портпарол на СВР Тетово.
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 до денес во Тетово и 5 околни општини, вкупниот број на дијагностицирани со Кови-19 е 1063. Од овој број досега оздравеле 769 лица, а 80 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5-те околни општини изнесува 214 .
Според општините, вкупниот број на дијагностицирани со ковид19, од почетокот на пандемијата до денес се движи по следните бројки Општина Тетово – 667 Општина Боговиње – 98 Општина Теарце – 101 Општина Брвеница– 63 Општина Јегуновце –60 и Општина Желино –73


