По еден месец работа дефектот со водата на „Личка“ не е решен а патот се распаѓа (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 2:03 PM

По еден месец работа дефектот со водата на „Личка“ не е решен а патот се распаѓа (видео)

Иако еден месец се одвиваат инфраструктурни зафати на водоводната мрежа на улицата „Личка“ во Штип, дефектот се уште не е саниран. Граѓаните реагираат бидејки патот е раскопан и коцките кои беа под асфалтот почнаа да излегуваат и да им ги оштетуваат возилата.

Од Јавното претпријатие „Исар“ велат дека дефектите не се целосно отстранети и бидејки има потреба од поголема реконструкција на водоводната мрежа, патот комплетно ќе биде саниран по целосното завршување на работата.