Иако еден месец се одвиваат инфраструктурни зафати на водоводната мрежа на улицата „Личка“ во Штип, дефектот се уште не е саниран. Граѓаните реагираат бидејки патот е раскопан и коцките кои беа под асфалтот почнаа да излегуваат и да им ги оштетуваат возилата.
Од Јавното претпријатие „Исар“ велат дека дефектите не се целосно отстранети и бидејки има потреба од поголема реконструкција на водоводната мрежа, патот комплетно ќе биде саниран по целосното завршување на работата.


