Коски од починатиот сопруг најдени кај жена на аеродром во Минхен – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 11:04 AM

Коски од починатиот сопруг најдени кај жена на аеродром во Минхен

74 годишна Ерменка е сопрена на аеродромот во Минхен со човечки коски во нејзиниот багаж, објавија германските сојузни власти.

Службениците откриле остатоци во дрвена кутија и ја повикале царинската служба, доктори и државниот обвинител да ја преземат необичната ситуација.

Жената имала намера со нејзината 52 годишна ќерка да ги пренесат коските од Грција преку Минхен и Киев во Ерменија со цел таму да ги закопаат.

Документите покажале дека сопругот починл во 2008 година и бил погребан во место близу Солун.

Сојузната полиција утврдила дека носењето на коските не е незаконско и жената со коските го продолжила патувањето, без никакви последици.

Преземено од: http://hr.n1info.com/