Во светот Ковид-19 детектиран кај повеќе од 18,7 милиони луѓе, од нив пет милиони во САД – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 10:37 AM

Во светот Ковид-19 детектиран кај повеќе од 18,7 милиони луѓе, од нив пет милиони во САД

Од почетокот на пандемијата, Ковид-19 е детектиран кај повеќе од 18,7 милиони луѓе во светот. Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Според последните податоци, во светот досега се забележани 18.705.000 случаи на заразување.

Ширум светот од последиците на Ковид-19 починаа околу 705.000 луѓе. Оздравени се 11.017.000 пациенти кај кои е утврдено присуство на Ковид-19. Во светот моментално има 6.082.000 активни случаи.

Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со 4.918.420 заразени. Потоа следуваат Бразил (2.808.076), Индија (1.908.254), Русија (861.423), Јужноафриканската Република (521.318), Мексико (449.961), Перу (449.890), Чиле (362.962), Шпанија (349.894) , Иран (314.786), Велика Британија (306.293), Пакистан (280.461), Саудиска Арабија (281.456), Италија (248.419) и Бангладеш (244.020).