Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни, информираат од Министерството за одбрана – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 10:09 AM

Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни, информираат од Министерството за одбрана

Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

Од таму информираат дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни  и сигурни.

„На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат“, информираат од Министертсвото за одбрана.