И Леси од филмот може да и’ позавиди на Дени: Поминала 500 километри од Загреб до Рума и си го најде семејството – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 9:34 AM

И Леси од филмот може да и’ позавиди на Дени: Поминала 500 километри од Загреб до Рума и си го најде семејството

Поминаа точно 25 години од операцијата „Бура“ во екот на безумната војна при распаѓањето на СФРЈ. Останаа многу тажни приказни за луѓето, но и по некоја за животните. Една од нив и таа за храбрата кучка Дени, уште еден голем доказ за пријатетелството меѓу кучето и човекот. По операцијата „Бура“, кучката морала да помине 500 километри за да го пронајде своето семејство Радановиќ

Целата приказна за Дени, на која потсеуваат српски медиуми, почнала во Петриња, град во близина на Загреб, каде што живеело семејството Радановиќ. Тие во 1991 година ја добиле малата Дени од соседите, а децата ја крстиле. Но, четири години подоцна, „Бура“ го урнала нивниот заеднички дом. Во метежот, Радановиќи набрзина заминале во бегалски центар во Рума, Војводина, но на тргнување не ја нашле Дени, па таа останала во Хрватска.

Семејството почнало да функционира во Рума. Милан се вработил како возач на автобус и така врзувале крај со крај. Дени им останала само во убаво сеќавање и мислеле дека никогаш повеќе нем да ја вдат. Но, кучката не мислела така.

Дени тргнала во потрага по семејството. По 139 дена талкање и прејдени 500 километри од Петриња до Рума, успеала да ги пронајде своите сопственици. Поминала низ градовите Двор, Нови Приедор, Бања Лука, Прњавор, Дервента, Модрича, Брчко, Биелина, Богатиќ, Сремска Митровица, а ги препливала и реките Уна, Сана, Врбас, Босна, Дрина и Сава.

„Пред Новата 1996 година, точно на 22 декември, во собата втрча синот Горан и бескрајно возбуден рече: ’Мамо, ни’ дојде Дена’“, вели Душанка и додава дека во првиот момент не можела да ја препознае кучката зашто била могу ослабена, а шепите и’ биле крвави и без нокти.

Во Рума Дени се окучила со пет кутриња, кои им биле подарени на румјани, а таа со сопствениците одлетала за Канада. Таму подоцна Дени угинала, а Радановиќи уште ги чуваат прекрасните спомени за неа.