Граѓаните месецов ќе добијат поврат на ДДВ од 5,4 милиони евра за второто тримесечје – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 8:53 AM

Граѓаните месецов ќе добијат поврат на ДДВ од 5,4 милиони евра за второто тримесечје

Граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава.

Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), заклучно со 30 јуни годинава скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. За ова тримесечје граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ-то за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.

Според податоците на УЈП, во април, мај и јуни годинава биле регистрирани нови 24.974 корисници на апликацијата Мој ДДВ.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

MИА