Време: Денес и во следните денови – облачно, посвежо, пороен дожд, некаде и град – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 6:19 AM

Време: Денес и во следните денови – облачно, посвежо, пороен дожд, некаде и град

Претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) и изолирана појава на град. Mаксималната температура до +31. УВ=6. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Под влијание на циклонска активност, и во следните денови ќе продолжи променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.