Ниту една минута на терен за Барселона, а веќе е на мета на англиски Лестер – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 6:08 PM

Ниту една минута на терен за Барселона, а веќе е на мета на англиски Лестер

Екипата на поранешниот шампион на Англија, Лестер, извиси за место во Лигата на шампионите следната сезона, но сепак нивните амбиции не застануваат.

Како прво засилување на „лисиците“ за претстојната сезона, Брендон Роџерс го планира Франциско Тринкао, младиот Португалец кој Барселона го купи од Брага. Цената за неговите услуги изнесува 50 милиони евра, а Лестер е подготвен да ја плати и да го доведе младиот талентиран играч во своите редови.

Дваесетгодишниот Тринкао е еден од најталентираните проспекти и во зимскиот преоден рок потпиша за Барселона за 31 милиони евра. Тринкао допрва треба да дебитира за Каталонците, но според јавувањата на медиумите од Англија, дебито на Тринкао ќе биде во Премиер Лигата, а не во Примера.

За Тринкао покрај Лестер, сериозен интерес покажува и италијанска Аталанта. Тринкао постигна осум голови и осум асистенции во 27 лигашки натпревари за Брага.