Страшни експлозии денес го потресеа главниот град на Либан, Бејрут. Од она што може да се забележи од видео снимките на сведоците, масовен чад се издигнува над престолнината на Либан и ги „проголтува“ зградите пред себе, откако се слушаат две силни детонации.
Министерот за здравство на Либан, ги известил сите болнции да се подготват за прием на сите повредени. Бројката засега е непозната, но според неговите зборови бројката на повредени е многу висока.
Медиумите шпекулираат дека се работи за експлозија на брод кој пренесувал запалливи материјали, a некои пак велат дека се работи за пожар во фабрика за оружје.


