Кошаркарскиот интернационалец од Србија, Андрија Бојиќ, следната сезона повторно ќе ги носи боите на МЗТ Скопје Аеродром, откако денес потпиша едногодишен договор со актуелниот македонски шампион.
Дваесет и седумгодишниот центар, кој беше дел од МЗТ во 2017/18, како и во добар дел од сезоната 2018/19, по искуството во романскиот тим Волунтари, повторно се врати во Скопје.
Србинот е трето странско засилување за аеродромци во пресрет на новата сезона, по Феми Олуџоби и Хасан Гравет.
МЗТ Скопје со овој засилен ростер и тековниот со македонските репрезентативци Стојановски, Магдевски, Маслинко, Крстевски, Мекиќ и Бакоч, ќе атакува на титула во македонското првенство и АБА 2 лигата.