После релативно слабиот учинок во поразот против Торонто Репторс, Ентони Дејвис се врати на старите патеки, постигнувајќи 42 поени и 12 скокови против Јута Џез во победата на „езерџиите“ од 116:108.
Леброн го следеше Дејвис и со 22 поени, девет асистенции беше вториот најдобар скорер во тимот на Вогел. Двајт Хауард постигна 11, а Калдвел-Поуп десет поени.
За екипата на Јута, која влезе во лоша серија од 14-0 во третата четврина од мечот, Донован Мичел забележа 33 поени, Мајк Конли 24, а Руди Гобер 16. Францускиот центар имаше и 13 скокови.
Оваа победа на Лејкерси го остава на врвот на табелата во Западната конференција во регуларниот дел.