Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав – ММС
ММС
Собрание седница

Објавено на: 08/4/20 2:48 PM

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19.

Верификационата комисија, со која претседаваше пратеничката од редовите на СДСМ, Јагода Шахпаска го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија од спроведените предвремени избори, одржани на 15 јули 2020 година и му предложи на Собранието да ги верификува мандатите на 120 пратеници во новиот парламентарен состав.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

 

ФОТО: МИА