Антониа Гиговска: Не се срамете од вашето тело – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 2:41 PM

Антониа Гиговска: Не се срамете од вашето тело

По објавата од Пачно од дуото ДНК , дека девојките треба да внимаваат при изборот на бикини во зависност од нивниот изглед и телесна тежина, како твитер заедницата, така и многу познати македонски јавни личности реагираа. Меѓу нив беше и младата Антониа Гиговска која се огласи на социјалните медиуми

„ До сите девојки, жени, мајки. Не се срамете од вашето тело, ваше е… Секој од нас има некој период кога едноставно не е се баш така лесно. Јас се трудам, но никогаш не се обвинив за моето тело во ниеден момент. Носете си што ви душа сака и чувствувајте се убаво во ваша кожа“ , напиша Гиговска на социјалните медиуми.

 

 

фото : facebook