Левица со велосипед официјално „влезе“ во Парламентот – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 2:02 PM

Левица со велосипед официјално „влезе“ во Парламентот

Двајцата претставници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска во Собранието пристигнаа со велосипеди.

Тие снимка од доаѓањето објавија на фејсбук и велат дека ваквите патувања до законодавниот дом ќе станат пракса за нивната партија и ќе бидат симбол на борбата против бенефициите на народните избраници.

Апасиев на својот фејсбук профил објави слика од двајцата внатре во Собранието и напиша „Штом влеговме нема излегување“ со хаштаг дека ќе ја сменат и бравата.