Иако се верува дека пушењето е најпопуларно во сиромашните земји, Јапонија не е таков пример – во моментов е една од најразвиените технолошки земји, со најдолговечен животен век и со највисока стапна на пушачи.
Разните рестриктивни, но и стимулациони мерки во Јапонија се обидуваат да го намалат бројот на пушачите – во некои претпријатија не пушачите добивале дури повеќе денови од годишен одмор. Цигарите постепено поскапуваа, а пушењето се забрануваше во цели квартови во Токио. Се до моментот на наглото паѓање на продажбата на цигари. Според одредени истражување мерките кои биле спроведени не влијаеле на ваквата ситуација.
Во последните пет години цигарите се продаваат за дури 38 % намалување. Истражувајќи ги причините, неодамнешната студија на американски истражувачи од Јужна Каролина и Канада дошла до заклучок дека Јапонците не го оставаат тутунот – само тие едноставно повеќе не го палат во толку голема мера, туку го загреваат.
Имено, студијата ја потврдува поврзаноста помеѓу драстичниот пад на продажбата на цигари во Јапонија во последните пет години, со појава на уреди што загреваат тутун, пред се IQOS, кој е присутен на овој пазар од 2015 година. Понатаму, истакнуваат дека замената на традиционалните цигари со уреди за пушење има голем потенцијал да поттикне стратегија за намалување на штети во врска со последиците од долгорочното пушење цигари.
Ова е очигледно насоката што тие почнуваат да ја преземаат од другата страна на океанот, во Америка, каде што Управата за храна и лекови на САД (ФДА) го класифицираше истиот уред што јапонците го користат масовно како „производ на модифициран ризик“ и им овозможи на потрошувачите да бидат информирани за намалена изложеност на штетни материи при употреба на IQOS.
Мич Зелер, директор на Центарот за контрола на тутун на ФДА, ја објаснува оваа одлука со фактот дека достапните научни докази покажуваат дека „овие производи со овластени информации можат да им помогнат на возрасните пушачи да се откажат од пушењето и да ја намалат изложеноста на штетни материи, но само доколку се префрлат целосно на IQOS“. .
Се проценува дека во моментов има близу 40 милиони пушачи во Америка. Дали „јапонското сценарио“ ќе биде применето во овој случај, ќе покажат и резултатите од набудувањето на пазарот, каде беше претставен уредот за греење на тутунот на крајот на минатата година.
Преземено од: https://www.kurir.rs/


