Сомалијка роди петорка – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 12:18 PM

Сомалијка роди петорка

Во болница во Сомалија се роди петорка. Медицинскиот персонал што учествувал во породувањето  задовлно се фотографирал со среќната мајка.

„Една мајка во нашата болница роди петорка, еден од најретките породи во светот“, соопштуваат од болницата, а пренсува сараевски „Аваз“.

Болницата за обука и истражување во сомалискиот главен град Могадишу го носи името на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој свечено ја отвори болницата во 2015 година.