Летувалиштата во Македонија се преполни со ваучерите кои ги додели владата, границите кон познатите соседните туристички дестинации затворени, освен Албанија. Сето ова придонесе туристичките агенции, оваа сеозона да ја запаметат како една од најлошите.
Слободна е границата кон соседна Албанија каде не се бара тест за коронавирис. Но за оваа туристичка дестинациија луѓето се помалку се одлучуваат, поради страв од коронавирусот. Ако до лани, во една смена одеа по неколку автобуси, сега луѓето кои се одлучуваат да одат на одмор на Јадранско море кај нашиот западен сосед се едвај неколкумина.
Од Агенциите велат дека Албанија е добра дестинација за одмор, земја која изобилува со големи плажи каде за време на пандемија може слободно да се одржува потребната дистанца.
Зоран Димовски