Прво ја донел неа на свет, а потоа и нејзиниот син: Др Кокс најпосакуваниот семеен гинеколог – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 12:07 PM

Прво ја донел неа на свет, а потоа и нејзиниот син: Др Кокс најпосакуваниот семеен гинеколог

Лаурен Кортез од Тексас и нејзиниот сопруг Петер на свет го донесоа нивниот син Логан во јуни оваа година. А нивниот син на свет го донел доктор Брајан Кокс, истиот доктор кој ја породил нејзината мајака за Лаурен пред 25 години да дојде на свет.

„Новата мајка“ на својот Твитер профил споделила неверојантни фотографии кои покажуваат две случувања временски различни и ги воодушевила нејзините следбеници.
„Мајка ми секогаш зборуваше дека има најдобар гинеколог во градот. Др Кокс секогаш го опишуваше како грижлив, страствен за својата работа и прекрасно момче поради кое чувстувате дека е ваш пријател, а не сте му само уште еден пациент. Открив дека сето ова е точно бидејќи Др Кокс се интересираше за нашиот животен стил и семејство, а не само за бебето. Навистина да остварите поврзаност со семејството и јас тоа го сакам кај него,  па без сомнеж одлучив дека тој ќе биде докторот кој ќе го донесе на овој свет нашиот син“, открива Лаурен.

Таа се породила по природен пат, без компликации го родила нејзиниот син Логан кој тежел 2,76 килограми. Но пораѓањето било искомплицирано од потешкотии поради пандемијата со коронавирусот.

„Морав да поминам два часа со маска на мене, што секако моето прво искуство го направи интересно. Пораѓњето течеше глатко, но секој мораше да носи маска во текот на целиот процес во болницата. Таа ноќ никогаш нема да ја заборавам“, раскажала Лаурен.

Преземено од: https://www.vecernji.hr/