СОС-знакот им го спасил животот: На ненаселен остров пронајдени морнари – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 12:08 PM

СОС-знакот им го спасил животот: На ненаселен остров пронајдени морнари

Тројца морнари од Микронезија насукани на далечен ненаселен остров во западниот дел на Тихиот Океан се пронајдени благодарение на закот СОС што го исцртале во песокот, а спасителите успеале да го забележат.

Австралиските одбранбени сили соопштија дека пронајдените мажи се исцрпени, но неповредени. Благодарение на австралиските и американските воени летала, најдени се на островот Пикелот во Микронезија, 200 километри западно од местото каде што тргнале.

Морнарите исчезнале откако нивниот брод долг седум метри останал без гориво и така отстапил од рутата.

Австралискиот брод „ХМАС Канбера“, кој служи како пристаниште за хеликоптери, примил повик за помош додека пловел помеѓу Австралија и Хаваите. Во неделата австралиски хеликоптер на еден од островите од воздух заблежал знак СОС напишан на плажа. Слетал на малиот остров и на заталканите жедни и гладни морнари веднаш им дал вода и храна.

Да се пронајдат морнари таму е  како да пронајдеш игла во пласт сено зашто Микронезија се состои од повеќе од 600 мали острови расфрлени по океанот, а сотровот Пакелот е ненаселен и голем помалку од половина километар, пренесува „јутарњи.хр“.