Пред почетокот на денешната конститутивна седница пратеникот од новиот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ се пожали дека не му било дозволено да дојде на седница со својот тротинет.
– Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека истиот не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример, и наместо собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци како што беше пример во минатото, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз. Моето прво искуство беше доста непријатно но се надевам дека ќе можеме тие процеси полека да ги промениме, изјави Муцински.