Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за нешто повеќе од десет милиони евра на Украинецот Александар Богуслаев, пренесуваат италијански медиуми.
Како што пишува „Кориера дела сера“, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бјачеслав Богуслаев, сопственик на компанија што беше водечка во производството на мотори за авиони и хеликоптери.
Куќите на тој остров се во облик на желка. Некогаш и’ припаѓал на римокатоличката црква, во изминатите 150 години на богати банкари и индустријалци, а во последните 40 години на девет семејства, со кои сега Богуслаев потпишал договор.
„Островот е прогласен за заштите парк на природата и не е достапен за туристи“, пишува „Кориере дела сера“.