Рудар од Танзанија, Санини Лаизер кој има 52 години го доживеал она што многумина можат само да сонуваат: станал милионер преку ноќ, бидејќи во месце јуни пронашол еден од најретките видови на минерали на светот и тоа во Танзанија.
Среќата повторно била на негова страна. Откако ги продал двата драгоцени камења вредни 3, 4 милиони долари, сега пронашол уште еден танзанит, исто така со милионска вредност.
Го пронашол во северниот дел на Танзанија, а каменот е тежок дури 6,3 килограми. Го продал за два милиони евра кој може да биде искористен за правење накт. Овој камен е посебно интересен поради својата специфична боја: зелена, сина, црвеа и виолетова.
Санини Лаизер, овој среќен рудар има 4 жени и повеќе од триесет деца.
Преземено од: https://biznis.telegraf.rs/


