Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 10:25 AM

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– МВР ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15 август, соопшти МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“, додава МВР.