Украинка (51) се обидела рачно да ископа тунел за да си го ослободи синот од затвор, а поради тоа, сега и самата е соочена со затворска казна.
Жената чие име не е наведено, изнајмила куќа во близина на затворот во Запорожје на југот на Украина, во кој нејзиниот син издржувал доживотна затворска казна, пишува „Дејли меил“.
За да го ископа тунелот,, работела рачно и користела копач и лопата. Копала само ноќе за да не привлече внимание, а доаѓала на месттоо со тивок електричен скутер.
До монентот на апсењето, ископала околу три тони земја.