Мажите кои имаат депресија се склони на поголем ризик од срцеви заболувања – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 9:46 AM

Мажите кои имаат депресија се склони на поголем ризик од срцеви заболувања

Станува збор за емоционална нестабилност која влијае врз целокупното здравје и телото. Колку и да звучи лошо, депресијата е една од оние болести кои ја потврдуваат врската помеѓу телото и умот.

Хемикалиите во мозокот и нивото на стрес хормонот кортизол во крвта е надвор од границите на оптималното. Доаѓа до пореметување на сонот, апетитот и опаѓање на енергијата. Истражувањата покажуваат дека мажите кои страдаат од депресија имаат голем ризик од појава на срцеви заболувања.

Симптоми на депресијата

Чувството на тага, празнина, вина, раздразливост, недостатокот на уживање во активности во животот, загубата на апетитот или промената на телесната тежина, зголеменото или намаленото количество на сон, чувството на замор се симптоми чести и за мажите и за жените, кај мажите депресијата знае да се манифестира и со други симптоми.

Такви се зголеменото консумирање алкохол или лекарства, изгенување семејни или социјални ситуации, зголемено работење без паузи, тешкотии при одржување на одговорностите, насилност. Лекувањето на депресијата значи итна посета на лекар, а третманите се одвиваат преку лекарства, разговорна или когнитивно бихејвиорална терапија.

Превземено од: ММагазин