Богатите нации први ќе добијат вакцина против корона, што ќе биде со остатокот на светот? – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 9:22 AM

Богатите нации први ќе добијат вакцина против корона, што ќе биде со остатокот на светот?

Богатите земји веќе осигураа повеќе од милијрда дози вакцини против коронавирусот што предизвикуцва загриженост дека остатокот на светот ќе се најде на крајот на долгиот ред во глобалните напори да се порази Ковид-19.

Потезите на САД и Велика Британија да обезбедат испораки од компанијата „Санови“ и нејзиниот партнер, како и пактот помеѓу Јапонија и „Пфизер инц“, се последни од тие спогодби. ЕУ исто така беше одлучна во намерата да добие дози, многу пред било кој да знае дали ќе бидат делотворни. Иако меѓународните организации и големите нации ветуваат дека вакцината ќе биде достапна за сите, останува прашањето дали ќе бидат рамноправни сите 7,8 милијарди жители на планетава.

САД, Британија, ЕУ и Јапонија досега осигураа околу 1,3 милијарди дози потенцијални вакцини против Ковид-19, тврди аналитичката компанија „Аирфиниту“. Новите податоци кажуваат дека таа бројка е 1,5 милијарда дози.