Кога конечно дознавме колку вода да пиеме на ден, прашањето е дали научивме и како да пиеме правилно? Верувале или не, има неколку моменти во текот на денот кога треба да избегнуваме вода.
За време на оброкот
Една или две голтки нема да предизвикаат проблеми. Сепак, премногу вода за време на оброците може да предизвика надуеност, но исто така да попречи на правилнотото варење на храната. Пред да започнете да јадете, тогаш е вистинско време да пиете вода. Не само што ќе се хидрирате, туку и ќе избегнете вишок калории.
За време на вежбање
На нашето тело му требаат електролити, како што се калиум и натриум, за да спречат мускулни грчеви. Конзумирањето многу вода може да ја разреди количината на овие хранливи материи во организмот. Најдобро е да изберете вода збогатена со електролити за време на вежбање.
Додека стоите
Според правилата на некои диети, не треба да пиеме вода додека стоиме. Сепак, ова не е докажано со никакви истражувања, така што не може да се вклучи во официјалните совети.
Извор: telegraf.rs
Фото: edutelevision.com


